| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатен момент: Новинарот го прекина јавувањето во живо и со екипата спаси давеник во поплавите во САД (видео)

Репортерот на „Си-Ен-Ен“ Дру Грифин помогна заедно со својата екипа сниматели да се спаси маж кој со своето возило случајно влета во поплавениот дел на една улица во Бимонт, град во Тексас на 140 километри од Хјустон, кој исто така настрада од ураганот Харви.

Неколку мига пред да се јави во живот од тоа место за да известува за поплавите, ја здогледале несреќата и прискокнале во помош на возачот и го извлекле од возилото пред да го однесе водата. Видно шокиран Грифин непосредно по акцијата се вклучи во програмата.

– Буквално сега го спасивме овој човек. Немаше време да се повика 911, возилото почна да плута, еве го зад мене, рече Грифин.

Камерите го уловија моментот кога со снимателите го извлекува можот од водата додека возилото му го носи водата. Се се случило за само неколку секунди, а спасениот возач подоцна е идентификуван како Џери Сумрал кој исто така се покавил во јавувањето во живо и рекол оти сметал дека приоѓа на улица која само на површината е покриена со вода и дека не знаел дека ќе влета право во вртлог.

-Би сакал да им се заблагодарам на овие луѓе, ми го спасија животот, изјави Сумрал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top