| четврток, 6 декември 2018 |

Во САД одобрен првиот третман со лек што ги убива клетките на ракот

Американското биро за храна и лекови (ФДА) го одобри првиот медицински третман за редизајнирање на имуниот систем кај пациентите, со цел тој сам да ги нападне клетките на ракот, во случајов се работи за третман на леукемија. ФДА соопшти дека одлуката претставува историски момент за медицината и влез во нова ера на броба со карциномот.

Фармацевстката компанија „Новартис“ ја именува терпијата како „Жив лек“ и ја продава по цена од 475.000 долари, од таму тврдат дека после тримесечна терапија 83 проценти од пациентите ќе биле излекувани.

Лекот се прави посебно за секој пациент од сопствената крв и белите крвни зрнца, а потоа генетски се програмираат ќелиите да ги бараат и уништуваат клетките на ракот. Голем дел од пациентите позитивно реагираат на терапијата, но истата носи и одредени ризици.

Комерцијалното име на терапијата е „Кимрија“ (Kymriah) и до сега се одобрува само за лекување на деца и млади до 25 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top