Фестивалот „Дотерај го Скопје!“ во „Јавна соба“ ќе почне на први септември (петок), во 14 часот, со панел-дискусија „Скопје, Европска зелена престолнина 2025“. Потоа ќе следуваат проекции на филмови во рамките на „Зелено кино“ (во 17 часот), отворање на изложба и дружење со урбаните херои на „Дотерај го Скопје“, отворање на продавница со селекција на природни и еко-производи, стендап-настапи на млади комичари, како и концерти на Александар Пешевски и групата „Minstrel’s Gallery“.
Следните денови од 02 до 04 септември ќе продолжат проекциите во „Зелено кино“, а ќе има и презентација на „Аква Струга“, дебата „Медиумите како сигурен аларм за заштита на животната средина“, работилница „Дотерај ја твојата Паста“ за готвење со органска храна за деца и родители на шеф Дарко Алексиќ, работилница „Како да направиш мала вертикална градина“ со тимот на „Дотерај го Скопје!“, презентација на „Grow up Academy“ со наслов „Како да го искористиш Фејсбук за промоција на твојот производ или проект“ по примерот на „Дотерај го Скопје!“.
Во забавниот дел од програмата ќе се одржи и стендап-комедија на Никола Тодороски, како и концертите на „Swingwalkers“, „Mammoth & Yashem“ и „Флека“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст