| четврток, 6 декември 2018 |

Започнува Европското кошаркарско првенство во Истанбул

Со шест натпревари од 1.коло во групната фаза попладне ќе стартува Европското првенство за кошаркари кое за прв пат во историјата ќе се игра во четири земји – Турција, Финска, Романија и Израел. Градови домаќини се Истанбул, Хелсиники, Клуж и Тел Авив. Првенството ќе трае до 17 септември.

На Евробаскет 2017 ќе учествуваат 24 репрезентации поделени во четири групи. По одигрувањето на натпреварите од групната фаза, по четири најдобри од секоја група одат во следната фаза која ќе биде елиминациска.

Состав на групита:

А-група: Франција, Финска, Грција, Словенија, Полска и Исланд.

Б-група: Украина, Израел, Италија, Литванија, Германија и Грузија.

Ц-група: Чешка, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Романија и Шпанија.

Д-група: Летонија, Турција, Белгија, Велика Британија, Србија и Русија.

Бранител на трофејот е Шпанија.

Двојки за денес:
Словенија – Полска (почеток 12:45 часот)
Германија – Украина (14:45),
Исланд – Грција (15:30),
Литванија – Грузија (17:30),
Франција – Финска (19:00) и
Италија – Израел (20:30).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top