По кафичите во општина Аеродром, на удар и Капитол мол. Новата власт врши вистинска тортура и притисок и не бира начин да стигне до целта. По притисокот врз кафичите да ги повлечат шеќерчињата со ознака на општина Аеродром, и затворањето на дел од нив само затоа што имале шеќерчиња со логото на општината, како, Тренд и Палма, сега на удар и трговскиот центар, Капитол мол, кој беше принуден да ја симне рекламата на општината, се наведува во последниот пост на Фејсбук групата Аеродром во моето срце.
Ветуваа слобода, донесоа тортура. Ова ли е животот?, прашуваат тие.
За потсетување, пред околу една недела наводно заради шекерчиња на кои стоело логот на општина Аеродром, затворен беше кафе барот Тренд, за потоа заради истата причина клуч на брава да добие и слаткарницата Палма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Почина пешакот кој со автомобил беше прегазен кај „Капитол“
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови