| четврток, 6 декември 2018 |

Буфон: Во фудбалот сум 23 години и не сакам да бидам последна будала

Џиџи Буфон беше принуден да се дообјаснува околу неговиот став за ВАР, откако неговата изјава дека новата технологија го претвора фудбалот во ватерполо предизвика многу контроверзи.
Капитенот на Јувентус вели дека тој не е против ВАР, туку против злоупотребата на технологијата.
Никогаш не реков дека сум против, туку дека не треба да се злоупотребува. Како што кажав на почетокот, тоа ќе биде многу корисна технологија и штета е кога некој сака да со конструктивна критика да помогне, медиумите веднаш ќе ги извртат изјавите. Ова е глупата контроверза и тоа не е добро за никого. Имам 40 години и во фудбалот сум 23 години и не сакам да бидам последна будала. Можеби претпоследна будала… – искоментира резигнирано легендата и додаде дека и судиите се ирититани од ВАР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top