| четврток, 6 декември 2018 |

Се маскирале во калугерки и се обиделе да ограбат банка

Двe чесни сестри се обиделе да ограбат банка во мало место во американската сојузна држава Пенсилванија, соопшти полицијата. Не станува збор за вистински калуѓерки, туку за две жени кои, преправени како чесни сестри, пробале да го извршат грабежот. Властите наведуваат дека вчера тие влегле во Ситизенс банката во местото Танерсвил, по што една од нив извадила пиштол и барала пари од службеничката во банката. Полицијата наведува дека тие од банката искочиле без никаков плен.

Двете жени биле облечени во црна облека на калуѓерки, а една од нив имала наочари за сонце.

Случајот го испитува и ФБИ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top