| четврток, 6 декември 2018 |

Бенедик Ховедес во Јувентус

Oна што и се очекуваше во текот на целиот ден доби и официјална потврда, Бенедик Ховедес е и официјално беше претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Ховедес во Јувентус пристигнува на едногодишна позајмица со обврска Јувентус да го откупи неговиот договор идното лето. Од Јувентус се уште официјално не ја соопштиле висината на оштетата, но се шпекулира дека Шалке ќе добие 3.5 милиони евра во овој момент, а уште 8.5 кога „бјаконерите“ ќе одлучат да го откупат неговиот договор.

Овој 29 годишен дефанзивец, до сега целата своја кариера ја помина во Шалке, а од 2011 година стана и капитен на оваа екипа. За Шалке одигра 240 натпревари и успеа да постигне 12 погодоци.

За репрезентацијата на Германија запиша 44 натпревари, а во 2014 година го освои и Светското првенство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top