Новинарите се здружија заедно барајќи правда за колешката Ивана Костовска, на која ѝ беше забранет влез во Грција. Насер Селамни од ЗНМ, Драган Павловиќ-Латас од Македонската асоцијација на новинари, Тамара Чаусидис од Синдикатот на новинари, Билјана Петковска, директор на МИМ, сите се собраа пред амбасадата протестирајќи за начинот на кој грчките власти се обидуваат да ги замолчат македонските новинари. Ова е прв простест на кој здружени излегуваат сите новинарски асоцијации и здруженија.
Насобраните новинари и фотографи протестираат бидејќи грчките власти на Костовска ѝ забранија приватен влез во Грција. Новинарите сметаат дека ваквата одлука на грчките власти е скандалозна бидејќи доаѓа од држава-членка на Европската унија. За Грција овој случај е затворен, а зошто Костовска не е пожелна во Грција и зошто не ѝ е овозможен влез во земјата одговор сѐ уште нема.
Ова не е прв случај на македонски новинар да му биде забранет влез во соседна Грција. Во една пригода дури беа и уапсени новинарски екипи од земјава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија