Угледниот шпански весник АС се позанимава со уште една добро позната приказна „што би било кога би било…“ – составувајќи репрезентација на некогашната СФРЈ.
Во пресрет на Евробаскетот, АС потсетува дека последниот шампионат на кој настапувала Југославија со сите заеднички сили е од 1991 година.
„Дивац, Даниловиќ, Ѓорѓевиќ….Кукоч, Раџа, Перасовиќ… имиња кои лесно освојуваа злато… Заедно освоија пет европски злата, три светски и едно олимписко. Од 1991 година само Србите, заедно со Црногорците, и Хрватите биле на подиум. Затоа се поставува прашањето што би било ако таа земја останеше заедно“ – пишува АС.
Од шестте поранешни југословенски републики четири ќе се најдат на 40-то јубилејно издание на Евробаскетот – Србија, Хрватска, Словенија и Црна Гора.
Шпанскиот медиум, притоа ја составува најдобрата селекција од овие земји за која тврди дека со огромна леснотија би стигнала до европската шампионска круна.
НАЈДОБРИОТ ЕХ-ЈУ СОСТАВ…
ПЛЕЈМЕКЕРИ: Горан Драгиќ (Словенија/ Мајами хит), Милош Теодосиќ (Србија, ЛА Клиперс), Лука Дончиќ (Словенија/ Реал Мадрид)
КРИЛА: Бојан Богдановиќ (Хрватска/ Индијана пејсерс), Никола Калиниќ (Србија/ Фенербахче)
КРИЛНИ ЦЕНТРИ: Дарио Шариќ (Хрватска/ Филаделфија 76), Немања Бјелица (Србија/ Минесота), Никола Вучевиќ (Црна Гора/ Орландо меџик), Бојан Дуљевиќ (Црна Гора/ Валенсија)
ЦЕНТРИ: Никола Јокиќ (Србија/ Денвер нагетс), Бобан Марјановиќ (Србија/ Детроит пистонс), Анте Жижиќ (Хрватска/ Кливленд), Јусуф Нуркиќ (БиХ/ Портланд), Драган Бендер (Хрватска/ Феникс санс).
Извор: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст