Украинските власти објавија дека планираат да ја депортираат руската телевизиска новинарка Ана Курбатова. Портпаролката на Украинската безбедносна служба Олена Хитланска, на Фејсбук напиша дека дописничката на рускиот канал, Ана Курбатова, е „руски пропагандист“ и рече дека таа „насилно ќе биде вратена“ во Русија. Руската државна телевизија објави дека Курбатова претходно добила закани од луѓе кои не ги сакаат нејзините извештаи.
Коментарот се појави откако првиот канал на државна телевизија на Русија објави дека Курбатова била притворена од Украинската безбедносна служба во Киев и дека нејзиното место на престојување не е познато. Хитланска не даде дополнително објаснување за планираната депортација, но рече дека тоа е во согласност со украинскиот закон. Истото ќе се случи на „секој што ќе си дозволи да ја дискредитира Украина“, напиша таа.
Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека се обидува да добие информации за ситуацијата. Претседателот на Сојузот на руските новинари, Всеволод Богданов, претходно изјави дека неговата организација ќе побара од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и други меѓународни организации да помогнат во откривањето на Курбатова, за која некои руски медиумски извештаи јавија дека биле киднапирани од Украинската служба за безбедност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст