| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо го сака и Марез

Контроверзниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, сака во новата клупска сезона на располагање да ги има и услугите на алжирскиот интернационалец од редовите на Лестер, Ријад Марез.
Трофејниот португалски стручњак е убеден дека се потребни околу 40 мил. фунти за да се осигураат услугите на офанзивниот играч за врска.
Мурињо е убеден дека Марез ќе биде идеална замена за искусниот Мајкл Карик кој ќе се пензионира на крајот од актуелната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top