Од понеделник стартува новата учебна година. Освен радост, дружења, обврски, таа носи и дополнителни трошоци за семејниот буџет. Поради тргнувањето во училиште месец септември слободно може да се каже дека е еден од најскапите месеци во годината. Цените на подготовките на ученикот горе-долу се слични со години, но и платите не мрдаат. Пресметките кои ги направи „Вечер“ покажуваат дека се потребни најмалку 100 евра за да се подготви еден ученик. Се разбира радоста е поголема кога се спрема прваче, па родителите се подготвени да платат и повеќе.
Освен училишен прибор, првачето мора да добие се ново: од патики и јакна, до маица. За да се подготви еден ученик потребен е прибор, дрвени боички, пластелин, фломастери, темперни бои, тетратки, боенки, работни листови, глина, ножички, блокчиња, линијари, папки, хартија во боја, ранец и облека. Голем дел од родителите веќе ги имаат набавено дел од школскиот прибор и облеката, но велат дека дополнително на првиот училишен час ќе се информираат од учителките дали ќе треба да докупат уште нешто.
По обиколката на книжарниците во главниот град дојдовме до сума дека само за купување на ранец и училишен прибор родителите ќе треба да одвојат најмалку 2.000 денари и тоа доколку купуваат на пазарите или во кинеските продавници. Во книжарниците цените се повисоки, а најмногу чини ранецот. Чантата за училиште со ликовите на омилените цртани херои на децата во книжарницата чини околу 2.500 денари.
– Првачињата се најмногу возбудени и бараат да им се купи се, а најмногу одбираат тетратки и ранци на кои на предната страна ги има нивните јунаци од сериите. Школскиот прибор деновиве најмногу се бара – велат од книжарниците.
Облеката е задолжителен дел од подготовките. Секако, гардеробата чини далеку повеќе од приборот. Иако детска, оваа облека веќе одамна е дури и поскапа од онаа за возрасните. За да остават добар впечаток пред новите другарчиња, родителите често се одлучуваат на дечињата да им купат и квалитетна и брендирана облека за првиот час, се разбира, доколку може тоа да си го дозволат. Сепак, една јакна, дуксер, панталончиња, маица, чевли и патики во просек родителите ќе ги чини околу 5.000 до 6.000 денари. Се разбира цените варираат во зависност од местата од каде облеката е купена, па на пазарите таа може да чини и многу помалку.
-Како и секоја мајка и јас за мојата ќерка ги купив најубавите работи за првиот училиштен ден, се разбира, што можам да си ги дозволам со мојата плата. Тргнувањето на училиште е навистина радосен момент во семејството и затоа не сакам да штедам. Ние веќе набавивме малку поскап ранец, околу 2.000 денари, бидејќи е поквалитетен за да не се скине уште првиот ден – велиАлександра А., мајка на првоодделенка.
Со бесплатното образование Министерството за образование на учениците од основните и средните училишта им обезбедува само учебници. За се друго што им е потребно на учениците родителите треба сами да се справуваат. Во некои од основните училишта општините ја обезбедуваат и школската униформа. Сепак, родителите обезбедуваат колку можат, а на учениицте им останува да се потрудат најдобро што можат.
Школски прибор
ранец 500-2.500 ден.
комплет прибор 300-500 ден.
тетратка 20 ден.
молив 30 ден.
фломастери 130 ден.
дрвени боици 99 ден.
темперни 240 ден.
пластелин 50 ден.
блокче 30 ден.
кеса за блокче 35 ден.
Облека
палто 1.500 ден.
дуксер 1.000 ден.
маица 500 ден.
фармерки 1.200 ден.
патики 1.500 ден.
чевли 1.500 ден.
балетанки 600 ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст