Бранислава Пашајлија и Аца Лукас во врска беа не цел месец, по што и двајцата изјавија дека романсата била голема грешка.
Меѓутоа, иако сите мислеа дека нема да разменат тешки зборови, Бранислава сега го прокоментирала Лукас на начин кој пејачот сигурно нема да и прости.
– Ме издржува сегашното момче затоа што Лукас и сопругот ме оставија без динар во моментот додека се сераспаѓање. Ниту еден не ми испрати облека, а за пари да не зборувам! Но, не е важно… Јас блескам, иако ме оставија во проблеми, и сопругот и Лукас, вели Братислава, која по Лукас го спомна и сопругот Жељко, со кои има син.
– Познато е дека со поранешниот маж сум во катастрофални односи, поднесена е тужба за развод на бракот затоа што тој одбива да го згрижи детето и го нема видено откако се случи тоа со Лукас! Инаку, тој и пред мене доби вонбрачно дете кое го нема видено седум години, воопшто не се грижи за него, тврди Бранислава.
И додека не сака да зборува за Жељко Шашиќ, за Аца Лукас и тоа како сака.
– Не сум во контакт со Лукас, дури и ми сврте грб иако знаеше дека и сопругот ми го направи тоа… Дека останав без динар и без ништо, место за живот. И тој и Жељко се најобични клошари, а јас и покрај се останав силна и некршлива! додава Бранислава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст