Во Основното Јавно Обвинителство во Велес денеска започна сослушувањето на патниците од превртениот автобус кај зимскиот пункт на „Македонија пат“ на автопатот Велес – Скопје од 20 август. Во сообраќајката беа повредени поголем дел од 27-те патници, а една жена како последица од тешките повреди почина на КАРИЛ во Скопје, на едно деветгодишно девојче лекарите во Клинички центар во Скопје успеаја да и ја спасат од ампутација тешко повредената лева рака.
Како што информира за МИА Славица Николовски јавниот обвинител од ОЈО Велес денеска се сослушуваа некои од патниците.
– Со оглед на здравствената состојба на возачот на автобусот неговото сослушување ќе биде кога тој здравствено ќе закрепне, како и на дел од патниците кои се здобија со потешки телесни повреди. Па затоа сослушувањето ќе трае подолго во зависност од нивната здраствена состојба. Во меѓувреме ќе се изврши и вештачење и анализи во врска со настанот. Откако сето тоа ќе заврши ке можеме да лоцираме кај кого е кривичната одговорност, појасни јавната обвинителка Темелковски.
Настанот се случи на 20 август вечерта околу 18:40 часот на автопатот Велес-Скопје, кај зимскиот пунк на „Македонија пат“. Автобусот излетал од коловозната лента во провалијата.
Веднаш по сообраќајката увид на лице место изврши дежурен јавен обвинител од ОЈО од Велес во содејство со екипа на СВР Велес.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст