| четврток, 6 декември 2018 |

На ЛОИ во Париз ќе се играат ненасилни видео-игри

Ненасилни видео-игри може да бидат дел од натпреварувачката програма на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз 2024 година, најави Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Еспортот е уште еден обид на ИОК за привлекување на помладата публика, откако беше потврдено дека на следните Игри во Токио ќе дебитираат скејтбординг, слободно качување и сурфање. Сепак, како што вели претседателот на ИОК Томас Бах, еспортот е успешна индустрија и лесно полни стадиони, но се уште не е организациски развиен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top