
Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски денес направи увид во градежните работи на реконструкцијата на улиците „Тодор Чангов“ број 20 и „Ѓорѓи Капчев“ број 9, кои се протегаат од булеварот „Февруарски поход“ до Усјанскиот канал. Станува збор за промена на целата асфалтна конструкција со санација на пропаднатите места, како и промена на тампонскиот слој на улиците во вкупна должина од 1 километар и 240 метри и широчина од 6 метри.

Исто така, на улицата ќе се задржи постојниот тротоар, но каде што има потреба ќе се направи и нов од 1,5 метри, што значи широчината на улиците ќе биде вкупно 9 метри. Вкупната инвестиција за овој проект чини 20 милиони денари, по половина инвестиција со Град Скопје. Овие градежни работи се очекува да завршат за 90 дена.

Изградбата на овие улици значи зајакнување на инфраструктурата во оваа населба со што ќе се подобри животот на нејзините жители, изјави градоначалникот Коневски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
МОН и општина Аеродром го осудија инцидентот со фрлањето на девојче од прозорец
-
Ивица Коневски: Тоа што го сработив во текот на двата мандата некому му пречи затоа што поставив многу високи стандарди
-
Граѓаните од Аеродром против бетонската џунгла: Осамнаа билборди со натписи Добредојдовте во зградодром, Марин го боли ДУП-Е за чист воздух…
-
Општина Аеродром: Нема да се сечат дрвја на „Коста Новаковиќ“, но улицата ќе се обнови


