| четврток, 6 декември 2018 |

Утре без струја делови од Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров

Без напојување со електрична енергија утре ќе останат корисници на делови од Кисела Вода, Карпош и Ѓорче Петров.

Во периодот од 10:00 до 11:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Михаил Ефтихиј“ и „Ѓорѓи Димитров“ во општина Кисела Вода, од 9:00 до 12:00 часот дел од улицата „Франце Прешерн“ во општина Карпош, а во периодот од 8:30 до 12:00 часот дел од Волково и дел од Орман во општина Ѓорче Петров.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија, како што соопшти РЦУК, е поради закажани технички зафати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top