| четврток, 6 декември 2018 |

Мислите дека ќе добиете отказ? Веднаш направете ги овие три работи

Ја вршите својата работа добро, но во последно време имате чувство дека тоа не се забележува и цени. Или во раководството на компанијата ви се случиле промени и почнала малку-по- малку чистка на вработените. Можеби сте допуштиле сериозна грешка. А можеби само интуиција ви дава знак. Причините да си мислите дека ќе добиете отказ, може да се доста. Што сепак да направите во овој случај?

Најважно е да не кревате паника, пишува Forbes. Обидете се да ја процените трезвено ситуацијата. И во никој случај не напуштајте само од желба да ги претекнете настаните, без да сте си нашле нова работа. Наместо тоа направете го следново:

1. Постепено приберете ги личните предмети, за да сте подготвени, ако ви треба брзо да си одите. Префрлете ги вашите важни датотеки или примери за ваши достигнувања во работата, кои можат да ви послужат во иднина. Осигурете се исто така дека ги имате контактите на колеги со кои сакате да останете во контакт.

2. Обновете ја вашата биографија со детали од работата на која се уште сте. Наведете свои успеси и поткрепете ги со докази, ако е можно.

3. Почнете дискретно да барате нова работа. Распрашајте се низ вашата бранша дали се нуди нешто. Излезете на ручек или вечера со колегите и потпрашајте ги за отворени места. Фокусирајте се на нови можности.

Се разбира, ќе треба да продолжите да ја вршите и сегашната работа, но ако сте речиси сигурни дека ќе добиете отказ, поважно е да се погрижите за себе.

извор: Стандард.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top