Јавното обвинителство ја достави до медиумите биографијата на ново избраната в.д. јавна обвинителка на Република Македонија, Лилјана Спасовска.
Родена е во Скопје во 1954 година. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Правниот факултет во Скопје на 04.01.1977 година.
На 01.03.1977 година започнува да работи како приправник во тогашното Окружно јавно обвинителство – Скопје, а во 1978 година станува стручен соработник во истото обвинителство.
На 01.12.1984 година е именувана за заменик јавен обвинител во тогашното Општинско јавно обвинителство – Скопје. Таа функција ја извршува до 01.04.2003 година, кога е именувана за заменик јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство – Скопје.
За јавен обвинител во Јавното обвинителство на Република Македонија е избрана на 01.06.2009 година. Од декември 2013 година ја извршува и функцијата заменик на Јавниот обвинител на Република Македонија.
Во својата кариера учествувала на бројни меѓународни конференции и на стручни советувања во Република Македонија, а извесен период ја извршуваше и функцијата претседател на Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители.
Спасовска е мажена, мајка на две полнолетни ќерки и баба на две внучиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст