| четврток, 6 декември 2018 |

„Соларна боја“ што ќе го претвори домот во извор на чиста енергија

Некои користат електрична енергија. Некои се снабдуваат со енергија преку соларни панели. Во иднина, до неограничената енергија можеби ќе имаме едноставен пристап, како, на пример, преку нанесување свежа боја во нашиот дом. Звучи како фантазија, но научници од Универзитетот RMIT во Мелбурн, Австралија, се на пат да го направат тоа реалност.

Бојата во минатото била поврзувана со отпад во нетоксични форми, а онаа во токсична форма е закана за здравјето. Тимот научници претставиле нов тип на боја направена од синтетички молибден сулфид. Супстанцијата се однесува како полуспроводник кој ги тера атомите да се делат на водород и кислород. Се однесува и како силика-гел, кој најчесто се поставува во пакувањата од храна и лекови за да ги заштити од влага. Новата боја наводно може да креира водородно гориво од комбинација на влажност во воздухот и соларна енергија.

Бојата може да се користи во различни средини. Во топла, влажна клима, бидејќи може да ја апсорбира влажноста од морето или океанот и да го претвори во гориво.

Она што е уште поважно е што супстанцијата нема да биде скапа и може да се произведува масовно во блиска иднина. Експертите предвидуваат дека тоа ќе се случи за околу 5 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top