Министерот за здравство, Арбен Таравари, во период кога починаа шест мали деца во болниците, реши да и држи предавања на јавноста како да ги читаат вестите на порталите, на кој медиум да му веруваат, кој новинар е добар кој не е и како да го проверат новинарот дали е реален или не е. Минатата недела имаше скандал до скандал – тукушто родена тројка почина на ГАК, потоа почина уште едно бебе на ГАК, почина девојче во Охрид за кое родителите во неколку наврти барале лекарска помош, но лекарите го пуштале дома со дијагноза вироза. Почина уште едно бебе, но родено со одредени здравствени проблеми. И на сето ова единственото нешто што Таравари има да го каже е како да се читаат и слушаат вестите во едиумите и кои медиуми да ги следите, кој не. Упатува на мисии на страните, реалност на новинарите… Упатува на страни за проверка на факти.
Па господине Тарвари, ајде да ги провериме фактите:
- Дали пред една недела починаа три бебиња на ГАК и вие за тоа молчевте два дена, додека новинар на Република не се обрати на лицето одговорно за односи со јавноста во вашето Министерство, за тогаш тој да одлучи да не одговори само на новинарот кој му го упатил прашањето, туку на сите медиуми?! Зошто молчевте два дена?! Ајде проверете ги фактите.
- Дали после неколку дена почина уште едно бебе на скопска гинекологија? Дали излеговте со конкретен став? Ајде проверете ги фактите.
- Дали во Охрид почина малата Анастасија Маркоска која била донесена на детското одделение при медицински центар Охрид со симптоми на малаксаност? Дали лекарите го враќале дома детето за на крај родителите да ја донесат својата ќерка мртва?! Ајде, проверете ги фактите.
Дали господине Таравари вестите за смртта на децата се лажни и непроверени?! Влеговте во нова интернет кампања, држите предавања онаму каде што не ви е место. Местото ви е онаму каде згаснаа млади животи, таму држете предавања, таму проверувајте ги фактите, таму делувајте, таму санкционирајте. Зарем не бевте вие министер за здравство или и за тоа треба да ги провериме фактите?! Ве молиме, бидете реални.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст