| четврток, 6 декември 2018 |

Шестчлено семејство однесено од поплавата во Хјустон

Шест члена од едно семејство според американските медиуми најверојатно се удавиле во Хјустон како последица од ураганот Харви, кога нивното комбе го однеле надојдените води.Телата, според локални извори, се уште не се пронајдени, а информацијата околу настанот ја соопштиле три преостанати члена на ова семејство.

Шефот на полицијата во Хјустон, Арт Авеведо, соопштил за Асошиетед Прес дека нема информации за семејството, но дека е “навистина загрижен за тоа колку тела ќе пронајдат” заради катастрофалните поплави предизвикани од ураганот Харви.

Се стравува дека четири деца – од кои најмладото е 6-годишно девојче – и нивните баба и дедо се мртви откако комбето било однесено од надојдените води кога преминувале локален мост. Возачот на возилото, вујкото на децата, наводно, излегол пред комбето да биде потопено и се фатил за дрво. Тој им рекол на децата внатре да се обидат да избегаат низ задната врата, но не можеле да излезат.

 

извор:макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top