Гарбиње Мугуруза успешно го започна Отвореното првенство на САД. Шпанската тенисерка прва излезе прва на „Артур Еш“ во Њујорк во воведниот меч на последниот гренслем во сезоната, но и набрзина да заврши работа во дуелот со Варвара Лепченко. Третата носителка ѝ препушти само три гема на американската ветеранка (6:0, 6:3) за продолжување на позитивната низа на победи и порази по Вимбдлон што сега е 16:2 за 23 годишната девојка родена во Каракас, Венецуела.
По триумфот на лонднскот гренслем, таа триумфира и во Синсинати, а двата пораза ги доживеа во полуфиналето во Станфорд и во четврт-финалето во Торонто.
–Секогаш вадам максимум од себе кога сум на терен. Нема загубен поен за мене и никогаш не се предавам. Мислам дека Варвара почна малку нервозно, а јас како што посакував и планирав, рече Мугуруза по првата победа во кариерата на „Артур Еш“.
Наредна ривалка на Шпанката, која се соочуваше со порази во второто коло на последните две изданија на Ју-Ес опен, ќе биде подобрата од дуелот меѓу Кинеската Дуан Јинг Јинг и американската квалификантка Клер Лиу која со своите 17 години е најмлада тенисерка во главниот костур на женскиот турнир во Њујорк.
Повлекувањето на Мареј ги разбесни фановите на Федерер и на Надал
Почетокот на 137. издание на Ју-Ес опен мина во знак на одлуката на Енди Мареј да го откаже учеството во последен момент иако се пријави за настап и учествуваше во ждрепката за турнирот што оваа година се игра за награден фонд од 50,4 милиони долари. Британецот, е чини, одигра тактички, но ги разбесни фановите на Роџер Федерер и на Рафаел Надал.
Дека болките во неговиот повреден колк не дозволуваат максимален напор и се, како што образложи, пресилни да може да атакува на титулата во Њујорк, Мареј кажа ден по ждрепката. Со тоа се направи поместување само во натпреварувачкиот костур каде се најде, моментно, деветтиот светски рекет, па сите носители во тој дел добија нови позиции, а со тоа и противници.
Позадина во одлуката на Британецот „намирисаа“ навивачите на Надал и на Федерер. Ако Мареј се повлечеше пред ждрепката, тогаш втор носител на турнирот ќе беше Федерер со што ќе дојдеше до раздвојување со Надал до финалето што и најмногу го посакуваше публиката во Њујорк.
Но, прво финале на Ју-Ес опен меѓу Шпанецот и Швајцарецот сега не е можно, па нивните фанови и оние неутралните ќе мора да се задоволат со класика во полуфиналето, се разбира ако двајцата тенисери стигнат дотаму.
Ју-Ес опен, 1 коло
Жени
Мугуруза (3., Шпанија) – Лепченко (САД) 6:0, 6:3
Квотова (13., Чешка) – Јанковиќ (Србија) 7:5, 7:5
Гарсија (18., Франција) – Мартинцова (Чешка) 6:0, 6:1
Сакари (Грција) – Бертенс (24., Холандија) 6:3, 6:4
Рибарикова (31., Чешка) – Џорџи (Италија) 6:3, 6:4
Кенин (САД) – Дејвис (32., САД) 7:5, 7:5
Кр. Плишкова (Чешка) – Егучи (Јапонија) 6:2, 6:2
Корне (Франција) – Вотсон (В. Британија) 6:4, 6:4
Викери (САД) – Вихљанцева (Русија) 4:6, 6:4, 6:1
Ар. Родионова (Австралија) – Хогенкамп (Холандија) 7:5, 7:5
Александрова (Русија) – Заја (Германија) 6:2, 6:3
Мажи
Карено Буста (12., Шпанија) – Кинг (САД) 6:3 6:2, 7:6
Андерсон (28., Ј. Африка) – Арагон (САД) 6:3, 6:3, 6:1
Едмунд (В. Британија) – Хасе (32., Холандија) 6:3, 7:5, 6:3
Пер (Франција) – Лацко (Словачка) 6:3, 6:2, 7:6
Чунг (Ј. Кореја) – Зебалјос (Аргентина) 3:6, 7:6, 6:4, 6:3
Џонсон (САД) – Алмагро (Шпанија) 6;4, 7:6, 7:6
Маер (Германија) – Дутра Силва (Бразил) 7:5, 0:6, 6:3, 6:4
Нори (В. Британија) – Турсунов (Русија) 7:6, 6:1 – Турсунов го предаде мечот
Донској (Русија) – Хајдер Маурер (Австрија) 7:6, 5:1 – Хајдер Маурер го предаде мечот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст