| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски со семејството во Охрид за Пресвета Богородица (ФОТО)

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со семејството е во посета на Охрид. На големиот христијански празник Голема Богородица ги посети „Пресвета Богородица“ и „Успесение на пресвета Богородица“, а се поклони пред вечното почивалиште на македонскиот Хомер, Глигор Прличев.

„Како народ кој столетија наназад, со неизмерна почит, го слави овој голем христијански празник, денес истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Во нашите традиционални вредности ликот и личноста на Пресвета Богородица се слика за ликот и значението на жената како мајка и столб на семејството. Вредности кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за насушно потребното човекољубиво функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат. Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, радост, благодети, успеси и спасение за секој човек, секое семејство и целата наша држава во меѓусебна љубов и закрила на Пресвета Богородица“, им порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на верниците во честитката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top