| четврток, 6 декември 2018 |

Јана Стојановска: Бјелогрлиќ е вонземјанин

Новата серија на српскиот продуцент, актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, „Сенките над Балканот“, од октомври ќе се емитува на националните телевизии во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Русија. По големиот успех на сериите „Ќе се вратат штрковите“ и „Монтевидео“, Бјелогрлиќ овој пат се претставува со драматичен трилер за еден турбулентен период од крајот на дваесеттите години на минатиот век. Македонската актерка Јана Стојановска заедно со Тони Михајловски, Петар Арсовски… се дел од актерскиот тим на серијата.


За Бјелогрлиќ како човек и режисер Стојановска вели само едно – вонземјанин.

– За Бјелогрлиќ имам да кажам следново… човекот е вонземјанин. Кога првпат дојдовме во Кобра филм, воедно за кастингот, тој беше во канцеларија и обавуваше продуцентски “дејности’, потоа дојде костимографот со кој тој одлучуваше нешто околу некој костим, категорично и одлучно без простор за приговор. На мојот прв ден снимање тој прво седеше на режисерската столица, а потоа кога дојде ред да глуми отиде, се пресоблече, се нашминка, влезе во сцената поспремен од сите! Секоја чест, симнувам не една, три капи со подотворена уста и молк во знак на воодоошевување. Како режисер е еден од оние луѓе кои ти даваат индикација без притисок и нервоза, со прецизна точност во барањето и со пријателско охрабрување. Толку е фино и шармантно спакувано тоа што тој ти го бара што едвај чекаш да одговориш на задачата. Нема простор во кој не знаеш што да правиш или не си сигурен. Се е кристално јасно, вели Јана.

Целото интрвју со актерката ТУКА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top