| четврток, 6 декември 2018 |

Десничари во Германија планирале убиства на левичари

Германската полиција денеска спроведе истрага на неколку локации и уапси две лица осомничени за планирање на убиството на левичарски политичари.

“Двајцата осомничени се обвинети за планирање напади врз левичарски политичари кои ги сметаат за одговорни за неуспешната политика околу бегалците која, како што проценувале, ќе доведе до осиромашување на државните богатства, зголемување на бројот на напади и распаѓањето на државниот поредок”, се вели во соопштението на Државниот обвинител.

Државниот обвините не ги објави имињата на левичарските политичари што биле на мета, изјавувајќи дека тие биле лично информирани, иако јавноста упати гласни барања да се обелоденат.

Полицијата упаднала во домовите и канцелариите на уапсените десничари, меѓу кои еден бил полицаец и ќе продолжи да трага по други инволвирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top