| четврток, 6 декември 2018 |

Обрадовиќ: Убаво ми беше во Македонија, но ова што ми го прави Металург е нечовечки

Поранешниот ракометар на македонскиот вицешампион Металург, Немања Обрадовиќ во интервју за српските медиумите зборуваше за недоразбирањето со Металург, кое настана откако потпиша договор со полска Висла Плок. Минатата година, Србинот настапуваше за тимот од Автокоманда, но не успеа да најде заеднички начин за нов договор, па си замина. Но, македонската екипа не му дава исписница и за истата бара 50.000 евра од Висла.

– Имав договор со Металург на една година, а за втората требаше повторно да преговараме. На крај не се договоривме, па јас заминав во Полска и потпишав за Висла на две години со можност да продолжам уште една сезона. Не знам кога настана проблемот, но ова што го прави Металург е нечовечки. Не ми даваат исписница и бараат обештетување на кое немаат право. Мојот нов клуб им понуди 10.000 евра, но тие побараа повеќе. Мислам дека сум во право, а тоа ќе го докажувам на арбитражниот суд на ЕХФ во Виена. Убаво ми беше во Македонија, а на клубот му возвратив со добри игри и бев најдобар стрелец во домашното првенство и Лигата на шампионите, изјави Обрадовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top