| четврток, 6 декември 2018 |

Рашковски подготвува терен да избрка од работа 70 вработени, најголем дел припадници на помалите етнички заедници

Во Владата се случувал вистински мобинг изминативе неколку месеци. Рашковски принудувал вработените да потпишат изјави дека не оделе на работа, а добивале плата за што бил одбиен

Излегувањето на генералниот секретар на Владата Драги Рашковски во јавноста со обвинувања дека оделе на работа, а не земале плата не е ништо друго туку подготовка на терен за да се избркаат од работа седумдесетина лица, најголем дел припадници на помалите етнички заедници, објави порталот „Курир“.

Како што пишува „Курир“ во Владата се случувал вистински мобинг изминативе неколку месеци. Рашковски принудувал вработените да потпишат изјави дека не оделе на работа, а добивале плата за што бил одбиен.

Посочените вработени, најголем дел Роми, Срби, Власи, Бошњаци и Турци потпишале изјава дека редовно оделе на работа и дека извршувале работни активности.

Еден од засегнатите вели дека во Владата се случува вистински мобинг.

-Рашковски не престанува со заканите на дневна основа. Тој покрена дисциплинска одговорност за да не избрка од работа, но поради  изборниот период тоа беше стопирано. Многу јасно е дека се работи за партиска чистка односно да се ослободи простор за нивни партиски кадри. Јас како Ром сум обесправен и мислам дека тука се работи за дискриминација, се зборува за нас, а од некои етнички заедници не се чепкаат – изјави вработен во Владата.

Тие посочија дека се подготвени да одат до крај и доколку е потребно правдата да ја побараат и на суд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top