| четврток, 6 декември 2018 |

Интервјуто со Брижит Макрон го сруши десетгодишниот рекорд на списанието „Ел“

Бројот на списанието „Ел“ во кој беше објавено интервјуто со сопругата на францускиот претседател, Брижит Макрон го сруши рекордот на продажба на списанието за последните 10 години.

Читателите од целиот свет купиле повеќе од половина милион примероци, беше објавено во весникот „Le Journal du Dimanche“, кој заедно со „Elle“ е во сопственост на францускиот медиум „Lagardere“.

Ексклузивното интервју од 10 страници со првата дама на Франција и нејзината фотографија на насловната страница беше објавено на 18 август. Бројот на купени изданија на списанието изнесува 530 илјади, додека на интернет интервјуто со првата дама го прочитаа повеќе од 30 милиони луѓе.

Тоа беше првото интервју на Бриџит, откако нејзиниот сопруг стапи на должност.

Во интервјуто, сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон ја прекина тишината по контроверзите околу нејзината улога како „Прва дама” на Франција.

Улогата на г-ѓа Макрон како прва дама ќе биде неформална, според нејзиното интервју.

“Како и сите оние пред мене, ќе ја преземам мојата јавна улога, но францускиот народ ќе ги знае ресурсите што ми се на располагање”, изјави таа за магазинот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top