Над 300.000 пензионери се првата група на граѓани кои се на директен удар на „економските политики“ на Владата. Новата Влада наместо со покачувања ги изненади пензионерите со кратење на 5.500 денари од најавеното покачување на ВМРО-ДПМНЕ за нив и со тоа директно ја оштети оваа група на граѓани која е помеѓу економски поранливите.
Имено Владата наместо да ги покачи пензиите по 650 денари, што ќе беше реализирано, доколку Владата ја водеше ВМРО-ДПМНЕ, што беше воспоставена пракса од минтото, ги покачи пензиите на пензионерите за само 180 денари месечно, што на годишно ниво ќе значи 2160 денари за пензионерите или цели 5640 денари помалку, од она што ќе го стореше ВМРО-ДПМНЕ доколку ја предводеше Владата.
Грижата за пензионерите никогаш не била на прво место на листата на приоритети на СДСМ, истата партија од позиција на власт во 2002 година на пензионерите им скрати 8 отсто од пензиите, пари кои пензионерите никогаш не ги добија назад.
Времето од 2006 година до 2017 година, додека ВМРО-ДПМНЕ ја водеше Владата и управуваше со државната каса ќе остане запаметено по квалитетна економска политика, која донесе голем раст на економијата и пад на невработеноста, што повлече и зголемување на пензиите. ВМРО-ДПМНЕ најниската пензија ја зголеми за 105 проценти и истата од 4.330 денари во 2006 година, ја доведе до 8.895 денари во декември 2016 година. Додека просечната пензија која во 2006 година изнесуваше 7.684 денари, на крајот од 2016 година истата ја донесе до 13.754 денари, што е зголемување за 79%.
Ваквиот тренд на покачувања и поволности за пензионерите запре со доаѓањето на СДСМ на власт, кои судејќи по почетокот на нивното владеење ќе имаат целосно замрзнување на големите покачување.
Пензионерите со право стравуваат и за навременоста на исплатата на пензиите. Додека СДСМ беше на власт во претходните мандати, пензиите се исплаќаа и во три наврати, а некогаш и доцнеа по подолг период, пракса која беше укината од ВМРО-ДПМНЕ, кои воспоставија систем на исплата на пензите до 7 во месецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст