Една 65-годишна мајка и нејзината ќерка на 42 години ја нападнале полицијата пред амбасадата на Босна и Херцеговина во Скопје, синоќа околу 21:30 часот.
Ова се случилo откако полицијата им рекла на двете жени дека биле паркирани на недозволена локација. Нивниот спор прераснал во физичка пресметка, при што полицајците биле повредени а нивните униформи биле искинати.
Прекршителите се притворени. А МВР работи на разјаснување на случајот.
извор:фактор.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.