| четврток, 6 декември 2018 |

Трагедиите во здравството се нижат: Двегодишно девојче почина во охридската болница

Двегодишно девојче од Охрид доцна синоќа без знаци на живот било донесено на Детското одделение во Медицинскиот центар Охрид.

Настанот е засведочен во денешниот билтен на МВР, но не се наведуваат деталите за трагедијата.

„На 26.08.2017 година околу 23,50 часот во Медицинскиот Центар–Охрид без знаци на живот било донесено двегодишно дете. По наредба на Јавен Обвинител телото било предадено на обдукција“.

Информациите до кои дојдовме отвараат сомнеж за сериозни пропусти во здравствениот систем. Девојчето прв пат било примено пред два дена на 25 август. Според сознанијата му била препишана терапија и било пуштено дома, а следната контрола му ја закажале за 3 дена. Вчера му се влошила состојбата. Родителите околу 16 часот го донеле во охридската болница. Медиционскиот персонал му дал инфузија и откако му се подобрила состојбата, повторно го пуштиле на домашно лекување. Трагедијата се случила вечерта откако драматично му се влошила состојбата и практично без знаци на живот е донесено во болница. Медицинскиот персонал се обидел да го реанимира, но безуспешно.
Во последнава недела ова дете е петтата жртва на здравствениот систем на чело со Таравари.

Починато уште едно, четврто бебе за само два дена – што се случува на Клиника?!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top