Од двата пожари во Националниот парк „Маврово“, едниот е изгаснат, а другиот уште е активен. Вработени во Паркот се на терен, но се уште нема информации како оди справувањето и што е зафатено од огнот. Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека вчера околу 13 часот бил забележан чад и оган во атарот на Рибница и на две локации во месноста „попова ливада“ и „рибничка скала“ каде покрај нискостеблеста шума, смрека и папрат, била зафатена и букова шума.
Во гасење на пожарот беа вклучени и авиони кои вчера попладне постојано го надлетуваа теренот над Маврово.
Огнот кој зафатил површина од над 200 хектари, го гаснеле 15 вработени во Паркот, а на помош биле повикан и авиони. Синоќа огнот бил изгаснат, а на местото има дежурни лица кои ја следат ситуацијата. Во моментов активен е пожарот во регион на Аџина Река. Во последниов месец на територијата на националниот парк „Маврово“ ова е втор пожар на отворено. Претходно поголем пожар беше регистриран во атарот на селото Бибај. Засега нема информации што ги предизвикало пожарите, а одоговрните потсетуваат дека предизвикувањето пожар во национален парк подлежи на кривичен прогон. Казните за вакво дело се многу поголеми од оние кои се однесуваат на незашитените шумски појаси.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст