| четврток, 6 декември 2018 |

Непрофесионално: ВИП го „почести“ велешани со бесплатен порно филм

Порнофилм ги „израдува“ велешани. ВИП ги почести жителите на Велес со бесплатна проекција на порнографски филм, емитувајќи го на еден од екраните во нивниот салон.

Фотографијата се појави на социјалните мрежи и наиде на низа критики за неодговорноста на телекомуникацискиот оператор. Се најдоа и такви кои се обидоа да го оправдаат ваквиот несовесен  неодговорен потег на ВИП, тврдејќи дека некој со универзален далечински управувач променил канал на мониторот во салонот. Но тука се поставува прашањето – како го пробиле кодот за овие канали да бидат достапни?! Недозволиво е ВИП да дозволи овие канали во салоните да може да се вклучат без внесување на код. Недозволиво е ваквите канали да бидат достапни и да се емитуваат на јавно место, без разлика во кој период од денот се случува тоа. Срамно, непрофесионално, неодговорно.

ВИП засега нема објаснување за порнофилмот на излогот од нивниот салон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top