| четврток, 6 декември 2018 |

Зонта беше во небрано, Шуми загуби во свиокот…

Денеска се вози трката за ГН на Белгија, на култната патека „Спа Франкоршамп”, каде досега сме биле сведоци на куп пресметки на патеката и на неверојатни претекнувања и потези.

Кога станува збор за „Спа Франкоршамп”, дел од постарите фанови на Формула 1 веројатно се уште се сеќаваат на неверојатното претекнување на Мика Хакинен со болидот на Мекларен Мерцедес, против Михаел Шумахер од Ферари, и заостанатиот возач Рикардо Зонта.

Тоа беше 2000 година, сезоната кога Михаел Шумахер ја освои првата шампионската титула со Ферари, а трета во кариерата.

Но таа трка, иако Шумахер имаше солидна предност болидот на Мекларен Мерцедес, сепак од круг во круг, Хакинен ја грицкаше предноста на Шумахер, и на неколку круга пред крајот на трката, фантастично го мина преку заостанатиот Рикардо Зонта, во кој Шумахер гледаше спас, доколку ги преживееше тие неколку стотина метри на рамнината, но до тоа не дојде бидејки Хакинен се одлучи за правата траекторија, и од десната страна, влезе прв во десниот свиок.
Подоцна тоа претекнува на Хакинен, од страна на ФИА беше прогласен за потег на деценијата во Ф1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top