| четврток, 6 декември 2018 |

Мејведер го победи Мекгрегор

Конор Мекgрегор, 29 годишниот УФЦ првак во две категории, издржа десет рунди 40 годишниот Флојд Мејведер, боксерскиот првак на светот кој никогаш не изгубил натпревар, Не сакаше да се предаде, но судијата мораше да прекине.

Флојд Мејведер се врати од пензија и во спектакуларна борба во Лас Вегас, своја прв после две години го победи Конор МекГрегор со технички нокаут во десетта рунда, а на УФЦ борачите им покажа да останат на страна, а рингот да им го препуштат на боксерите.

Светот го интересираше дали може врвен УФЦ борач и просечен боксер да направи нешто против врвен боксер според боксерските правила. Не може, не беше ниту блиску.

Но, не изгледаше така во првите три рунди, но дури ни тогаш, кога Конор беше во занес и на моменти изгледаше како човек кој може да му парира на непоразениот светски првак, за кого многу аналитичари велат дека е најкомплетен боксер во последниве 20 години. Американецот имаше тактика која на крајот беше победничка.

Мегаспектаклот во Лас Вегас беше повеќе од борба, Мејведер овде го претставуваше боксот и тој на коцка имаше многу повеќе. Се бореше со човек кој е од друг спорт и мораше да ја одбрани честа на боксот, што и го направи. Не моменти се поигруваше со противникот…

После првите три рунди во кои Конор солидне боксуваше, Мејведер ги презема конците и покажа зошто го сметаат за најдобар во историјата. Иако не се бореше две години, иако има 40, а МекГрегор 29, беше тоа едносмерно возење. Чудо претставува што Конор издржа до десетта рунда, во која може да се каже дека заспа од ударите на Мејведер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top