Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски го постигна првиот погодок во дресот на својот нов клуб, англискиот чемпионшиплигаш Лидс.
По претходните одлични настапи за Лидс и трите запишани асистенции, Алиоски конечно дојде и со гол да ги израдува навивачите на англискиот клуб. И тоа на најдобар можен начин, со вистински еврогол учествувајќи во победата од 0-2 на гостувањето против Нотингем.
Македонскиот фудбалер испраќајќи „бомба“ од 22 метри во 87. минута ги постави конечните 0-2!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.