Делата од изложбата „За(Д) празнината“ и цртежи на уметницата од Куманово, Марина Цветановска Мартиновска ќе биде презентирана во „МС“ галеријата во Менхетен, Њујорк, САД. Изложбата која ќе биде отворена кон крајот на септември и првата недела од октовмри е поддржана од Министерството за култура, проект за кој лани конкурирала уметницата од Куманово.
– Изложбата опфаќа пет групации на дела, инасталации кои се направени во материјалот форекс, во дводимензионална и тродимензиолна форма, работени во комбинирана техника, нешто блиско што го работам и во скулпторското изразување, изјави Мартиновска Цветановска.
Претходната година изложбата била поставена во Мала Станица во Скопје.
Таа дипломирала 2000 година, постдипломски студии по варајарство завршила во 2005 на Факултетот за ликовни уметности Скопје. Член е на друштвото на ликовни уметници, а досега имала десетина самостојни изложби, во државата и земјите од регионот, учествувала на бројни групни изложби и колонии во Македонија и странство. Добитник е на повеќе награди.
За нејзината изложба, со која уметницата ќе настапи и во Њујорк, кураторот Ана Франговска ќе напише: „За полното во празното, за третата димензија во дводимензионалното, за многузначноста на белото, за јадреноста на сенката, за линијата која го дефинира волуменот, за логичноста на несфатливото, за визуелната измама на истренираното око и за уште многу други аспекти поврзани со клучни ликовни елементи и нивните соодноси, говори Марина Цветановска Мартиновска во својот најнов проект „За(д) празнината“.
Цветановска Мартиновска, додава Франговска, и претходно истражуваше голем дел од овие јукстапозиции, но во различна констелација или сооднос, со различни материјали и некогаш во контрасни пенетрации.
– Во конкретната нова епизода, т.е. нов визуелен циклус таа го одбира форексот како материјал, кој е доволно „монохроматски“,„тврд“, „рамен“ и „еластичен“, за во контраст да даде многу мекост, транспарентност и облост, посочува кураторот Франговска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


