| четврток, 6 декември 2018 |

Со уредба на Трамп: Нема служење војска за трансродови лица

Американскиот претседател Доналд Трамп ја потпиша уредбата со која повторно се воведува забрана за служење војска на трансродови лица, која беше укината за време на мандатот на Барак Обама.

Со одредбата, исто така, се укинува користењето владини средства за операции за менување пол на активниот персонал, јави Би-Би-Си.

Сепак, Трамп му даде слобода на министерот за одбрана Џејмс Матис да одлучи дали ќе ги задржи постојните трансродни регрути.

Поради забраната, која Трамп ја објаснува со големи трошоци и нарушување на редот, тој се соочува со тужби од активисти за правата на трансродните лица. Се верува дека меѓу 4.000 и 10.000 припадници на активниот и резервниот состав на војската се трансродови лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top