| четврток, 6 декември 2018 |

Ростов победник на турнирот „Вардар 2017“

Ракометарките на руската екипа Ростов се победнички на турнирот „Вардар 2017“ откако во финалето вечерва го совладаа домаќинот ЖРК Вардар со 33:26.

Екипата од Русија имаше постојано водство во финалниот натпревар, а со овој триумф му се реваншираше на Вардар за поразот во финалето пред две години на истиот турнир. Најефикасна на натпреварот беше Барбоса од Ростов со 12 гола.

Покрај пехарот за освоеното прво место и паричната награда од 5.000 евра, во витрините на Ростов заминаа и две индивидуални награди.

Најдобар стрелец на турнирот е Александрина Барбоса од Ростов која постигна 21 гол. Најдобар голман е Мајса Песоа од Ростов. Најдобар играч е Андреа Пенезиќ од Вардар.

Во дуелот за 3.место Букурешт го победи Будуќност со 31:21, додека во натпреварот за 5.место Одензе го совлада Кубан со 36:28.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top