| четврток, 6 декември 2018 |

Пет Македонци повредени во сообраќајка кај Будимпешта

Пет македонски државјани се повредени во сообраќајна несреќа во близина на автопатот М5, во близина на Будимпешта, соопшти денеска портпаролот на бугарското Министерство за надворешни работи, Иван Димов, повикувајќи информации на бугарската амбасада во Будимпешта, која е во контакт со украинските власти, објави „Мета“.

Како што пишува Димов во сообраќајната незгода учествувале автомобил „мерцедес“ со бугарски регистерски ознаки и возило „форд“ со германски регистерски ознаки. Мерцедесот, поради дупната гума се наоѓал во лентата за итни случаи, кога во него, со голема брзина удрил фордот.

– Како последица на судирот, четворица патници од „фордот“ и еден од „мерцедесот“ се повредени. Жртвите се македонски државјани – пишува Димов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top