| четврток, 6 декември 2018 |

Хан: Проблемот меѓу Србија и Македонија се реши брзо

Дипломатскиот проблем меѓу Македонија и Србија се појави и беше решен така брзо што немаше потреба од вклучување на Европската унија, изјави еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан на денешната прес-конферфенција во Драч.

– Секако дека би сакал да се запознаам подобро со причините за овој проблем, но добро е што веќе постои доверлива врска меѓу лидерите на двете земји и тоа што остварија брз телефонски разговор, рече Хан.

Тој го посочи како позитивен, начинот на кој беше решен проблемот што покажува дека постои позитивен развој во регионот и се надева дека ќе продолжи и во иднина.

– Првиот разговор меѓу двајцата лидери покажува дека постои самодоверба кај политичарите за надминување на овие прашања и моето очекување е дека ваквите работи се настани од минатото, додаде Хан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top