| четврток, 6 декември 2018 |

Доаѓа промена на времето

Од вторник (29.08.2017) попладне како и во текот на ноќта кон среда и во среда поради фронтално пореметување од северозапад ќе има зголемување на облачноста и ќе биде нестабилно облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека локално процесите на некои места можно е да бидат поинтензивни и во форма на невреме со град и електрични правења, пишува „Метеомакс“.

За време на нестабилноста локално можно е да наврне и поголемо количество на воден талог. Во вторник ќе започне да дува слаб до умерен ветер од северен правец кој особено во северната половина ќе се засилува по интензитет и токму ова ќе предизвика освежување и пад на температурите.

Во вторник максималната температура на воздухот ќе се искачи во интервалот од 28 до 36 степени додека во среда ќе биде посвежо кога максималната температура ќе се искачи во интервалот од 25 до 33 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top