Тоа е најголем успех во историјата на македонскиот фудбал, а го оствари кој друг ако не нашиот најтрофеен клуб. На прес-конференција Панчев нагласи дека вакви работи треба да ни станат навика, а не исклучок.
Фенербахче е како Реал Мадрид на овие простори, имаат силни играчи и стабилни финансии и никој не очекуваше Вардар да приреди изненадување и два пати да го надигра противникот. Пласманот е сосема заслужен. Тренерот и играчите се најзаслужни за историскиот успех, имавме фантастична тактика и одлична игра. Драго ми е за успехот, цела Македонија долго го чекаше ова. Јас црврсто стојам на земја и веднаш му кажав на газдата дека ова треба да ни биде пример за во иднина, дека може секоја година, или секоја втора година да имаме ваков успех. Ова да ни стане навика, а не да чекаме 25 години за нов ваков успех. Со Чеде Јаневски размислуваме да бидеме уште посилни во следните пет години, ова е само почеток. Со работа и добри потези пак да играме во Европа. Но, не треба да очекуваме и да правиме притисок дека мора секоја година да сме во групна фаза, би било премија секоја втора година да имаме долга фудбалска есен во Европа, истакна Панчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст