| четврток, 6 декември 2018 |

Експремиерката на Тајланд пребегнала во Дубаи

Поранешната премиерка на Тајланд Јинглук Шинаватра побегнала во Дубаи, тврдат денеска високи функционери од нејзината партија, еден ден откако таа не се појави на изрекувањето пресуда за небрежност, поради која се соочува со казна до десет години затвор.

Овие извори тврдат дека Јинглук го напуштила Тајланд минатата недела и преку Сингапур отпатувала во Дубаи, каде живее нејзиниот брат, поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој избега таму за да ја избегне затворската казна за корупција, која му беше изречена во 2008 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top