| четврток, 6 декември 2018 |

Гонзалез: Ниту Вардар ниту Барселона не се истите екипи од пред три месеци

Избраниците на Раул Гонзалез денеска (16 часот) за противник во полуфиналето ќе го имаат тимот на Барселона

Со победа над ирански Гашаран Вардар го отвори Супер Глоуб. Избраниците на Раул Гонзалез денеска (16 часот) за противник во полуфиналето ќе го имаат тимот на Барселона. Стратегот на македонскиот тим, Раул Гонзалез пред големо дерби потенцира дека сега се ќе биде поинаку за разлика од јуни кога во Келн, најпрво ја победија Барселона, а потоа во финалето го шокираа ПСЖ и ја освоија титулата во Лигата на шампиони.

Мора да заборавиме на сè. На Келн, на Лигата на шампионите. Ова е нова сезона, а Супер Глоуб е сосем поинакво натпреварување. Ниту Вардар, ниту Барселона не се истите екипи од пред три месеци. Вардар е сега поинаков, според мене подобар, затоа што со Кристопанс добиваме уште поголема стабилност во одбраната, а во нападот шутер, кој може да погоди од 11 метри. Од друга страна малку сме побавни, но и не мора да значи. Ниту Барселона не е онаа старата. Но за да имаме шанса мора да одиграме како што знаеме, шампионски и на ниво, потенцира Раул Гонзалез.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top