| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една година рок за легализација на дивоградби

Сопствениците на дивоградби кои ќе сакаат да напрват легализација, за тоа ќе добијат рок уште една година. Овие предлог-измени, се поставени на Единствениот електронски регистар на прописи – ЕНЕР, a предлгагач е Министерството за транспорт и врски.

Од март 2011 година со донесувањето на Законот за постапување со бесправно изградени објекти беа донесени повеќе изменувања и дополнувања вклучувајќи и измени во рокот за поднесување и комплетирање на барањата со поднесување на елаборати.

Овој рок за поднесување на геодестки елаборати согласно последниот рок заврши заклучно со 31 декември 2016 година. Со предложените измени се воведува нов рок за доставување на барањата за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, односно тој да биде од денот на отпочнувањето на примената на овој закон односно од 1 јануари 2018 година до 31 фекември 2018 година, а додека барателите на кои до денот на отпочнувањето на примената.

Целта на законот е да им се даде можност на сите лица, кои, од било кои причини не успеале досега да достават барање за утврдување на правен статус на бесправно изграден објект или пак да го комплетираат, да добијат можност во пропишаниот рок тоа да го направат, под истите услови кои важеле и досега.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top