| четврток, 6 декември 2018 |

Поетски портрет на Чарлс Симиќ во „Св. Софија“

Во црквата „Св. Софија“ во Охрид вечер ќе се одржи Поетски портрет на годинашниот лауреат на Струшките вечери на поезијата (СВП) Чарлс Симиќ.

Претпладнево во Струга е организиран симпозиум на тема „Изгубено/најдено во преводот“, додека во 10 часот утрово имаше и Поетско кафе со добитникот на Златниот венец Чарлс Симиќ.

Струшките вечери на поезијата ќе траат до 28 август. Фестивалот во Струга ќе заврши утре со поетската манифестација „Мостови на Струга“ и врачување на фестивалските награди на годинашните добитници. Во понеделник, 28 август, ќе се пресели во Скопје каде ќе има Поетско матине на Матка, а вечерта – Меѓународен поетски митинг на плоштадот „Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top