Создавањето регионална економска зона која ќе го поттикне економскиот раст и ќе создаде нови работни места, е клучен приоритет за земјите од регионот, истакна еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан на неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан што се одржува денеска во Драч.
Хан нагласи дека регионалната економска интеграција не е и не треба да се гледа како алтернатива за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку како корисно дополнување во интерес на сите.
Европската комисија во пресрет на премирската средба во Драч соопшти дека очекува од западнобалканската шесторка да работи на имплементација на обврските преземени за време на Самитот на ЕУ – Западен Балкан што се одржа во јули во Трст, а особено на Акцискиот план за продлабочување на регионалната економска интеграција. Регионалната економска зона договорена во Самитот во Трст, според ЕК, ќе обезбеди нови можности за бизнисот и граѓаните и ќе го зајакне економскиот раст, а ќе продуцира и нови работни места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст